
Сончево и релативно топло време не очекува и во текот на денешниот ден. Ќе има појава на мала до умерена облачност поизразена во западните делови од земјата и која ќе се преместува во текот на денот и кон источните делови.
Ќе дува и слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 22 до 26 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер, попладне со малку зголемена облачност. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 24 степени.