Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск, следната недела ќе ја посети Грција за директно да се запознае со мигрантската криза во оваа земја, потврдија владини претставници во Атина. Тој во Грција ќе престојува во четврток и во петок.
Иако се уште не се соопштува неговата агендата, се знае дека понтифот во придружба на премиерот Алексис Ципрас и на екуменскиот патријарх Вартоломеј, ќе го посети островот Лезбос во Егејското море, каде што лани и годинава пристигнаа најмногу мигранти и бегалци.
Според најавите, целта на посетата на папата е да го сврти вниманието на светската јавност за хуманитарниот проблем со кој се соочуваат бегалците.