
Од извори во партијата се дознава дека Заев бил во голема паника, притиснат од роковите во пресрет на изборите и издал наредба да се направат максимални обиди да се блокираат процесите.
Во таа деструктивна насока е и непостапувањето на државниот секретар на ДИК, кој имаше обврска да провери само 5.100 гласачи. Според информациите што беа објавени деновиве, оваа операција што може да се заврши за ден или два, генералниот секретар на ДИК ја немаше почнато до викендов.
Порталот пишува дека нешто слично се случува во моментов и во МВР. Секторите за внатрешни работи (СВР) од Битола, Струмица и Куманово го опструираат и кочат внесувањето на податоците од проверките во Министерството за внатрешни работи (МВР). Проверките се завршени, но луѓето поставени од Спасовски кочат и блокираат, односно не дозволуваат податоците да се внесат во табелите.
Според информациите до кои дојдовме, одговорни за ваквата опструкција се Танчо Пројковски и Славко Јовановски во Струмица и Стојанче Величковиќ во Куманово. Токму Танчо Пројковски неодамна со скок од шест места во хиерархијата на МВР во Струмица од инспектор по дрога беше поставен како помошник на началникот со одлука на техничкиот министер Оливер Спасовски. Инаку, Пројковски е татко на Даниел Пројковски, еден од првите луѓе во обезбедувањето на опозицискиот лидер Зоран Заев и истакнат активист на СДСМ, објавија медиумите.
Како излезна алтернатива за спасување од најголемиот пораз и изборен дебакл, Заев почнал да бара спас во албанското гласачко тело. Неофицијално се дознава дека нудел соработка на радикалните албански структури околу „Беса“. Проценката на Заев била дека на тој начин би успеал да обезбеди некаква дополнителна поддршка во замена на катастрофалниот рејтинг кој го има меѓу гласачите Македонци.