Близнаци
Голем број близнаци знаат да го користат и мозокот за време на сексот, што неможе да одмогне. Но, мажите родени во овој знак сакаат да се фалат и тие се мошне подготвени за акција, но кога ќе дојде до тој момент, отстапуваат или се фолираат. Кај нив сексот секогаш е набрзина, а најчесто се многу себични.
Девица
Ова е знакот што го бие лош глас кога станува збор за воздржаниот и недоволно спонтан секс. Мажите се тешки перфекционисти и им се случува ситен и неважен детал да им ја уништи потенцијата. И се срамат или си замислуваат дека целиот свет во тој миг ги видел. Тоа може да биде целосна пропаст. Девиците инаку сакаат да гледаат, но често остануваат само на тоа…
Стрелец
Карактеристика на машките припадници на овој знак по правило е авантуризмот и експериментирањето, а кај женските напротив, традиционализмот без многу експериментирања. Значи лошиот секс овде произлегува од преголемата желба за нешто ново, перверзно и возбудливо и претераната желба на овие вторите за класичен, здрав и конвенционален однос. Кога тоа не им е по волја стрелците гледаат колку е можно побрзо се да се заврши, а потоа да побегнат.
Риби
Рибите инаку се мошне емотивен, длабок, сензуален и сексуален знак, а тоа може да се испостави како проблем и во сексот и во љубовта. Тоа е знакот што најмногу ужива, но и најмногу страда во „сексот со емоции“ (и тоа важи и за двата пола), па има премногу потенцијални проблеми за акција во постелата.