
Оливер Арсовски е новиот директор на фестивалот „Охридско летo“.
Македонскиот музички уметник и доскорешен уметнички директор на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип е избран на редовен конкурс.
Арсовски доаѓа на чело на најпознатата културна манифестација во Македонија по завршување на четиригодишниот мандат досегашната директорка на Фестивалот, Елизабета Јанкуловска.

Арсовски во периодот од 2007 до 2010 година беше директор на Македонската опера и балет, а тој е познат и како долгогодишен организатор на Виенскиот бал во Скопје.
Фестивалот „Охридско лето“ се одржува од 12 јули до 20 август, а годинава ќе се одржи 56-то издание.