
Претставници од фирмата Финечи чии сопственик и основач е Цановски на 30 март поднеле барање за легализација на трите катастарски парцели каде е сместен Универзитетот ФОН.
-Барањето им е за трите катастарски парцели каде што е сметен факултетот ФОН, односно со ова и тој самиот потврдува дека повторно овде има направено дивоградба. Не само во случајот на Космос, туку сега и самиот потврдува дека во делот на факултетот има направено дивоградба односно го прекршил законот за градење. Во овој момент има поднесено само барање, а кога ќе го изработи елаборатот точно ќе можеме да утврдиме колава е таа површина што ја направил е дивоградба, дали целиот објект е дивоградба или само дел од него е дивоградба, истакна Трајковски.
ТВ Нова претходно обелодени дека Космос не е единствената дивоградба на Фијат Цановски. Според документите Цановски надвор од законот градел и делови од Универзитетот ФОН кој исто така е во негова сопственост.
Цановски го промовираше и студентскиот дом во рамки на Универзитетот ФОН. Според признанието на самиот Цановски целиот објект се уште нема имотен лист, односно допрва треба да биде впишан во Катастарот.
-Ние имаме имотни листови, имаме сега доукнижување за другите катови горе, но овој дел кај што сме сега има имотни листови, истакна Цановски.
Објектот на Универзитетот ФОН во Скопје е пуштен во употреба во 2003 година.