
Полицијата во Данска денеска уапси четири лица кои се сомничат дека биле регрутирани од страна на групацијата Исламска држава за а извршат напади.
При акцијата полицијата запленила и муниција и оружје.
Полицијата соопшти дека апсењата следеле во рамки на операцијата против лица, кои припаѓаат на терористички групи од Сирија и северен Ирак.
Деталите за апсењата и идентитетот на осомничените не се познати.