
Старлетата повторно успеа да ја шокира јавноста, а овој пат успеа да ги налути сите мајки.
Веќе ништо не ни е чудно од Ким, ја видовме гола, па дури и се изнаслушавме дека нејзе и’ текнало да прави нешто што на никој друг не би му паднало ниту на ум.
Но, овој пат таа навистина претера и ги разбесне сите мајки во светот.
Имено, таа е снимена со сетра и’ Кортни Кардашиан и ќерката Норт, која весело гледала наоколу, па во еден миг загуби рамнотежа и падна на под.
Старлетата наместо да го крене детето и да погледне дали тоа се повредило, како што би направила секоја мајка, старлетата воопшто не го тргала погледот од нејзиниот мобилен телефон.
Наместо неа, тоа го направила Кортни, а по се изгледа Ким и не забележала дека нешто се случило со нејзиното дете.
Авторот на видеото пишува дека во тој миг старлетата играла игра на телефонот. Погледнете го видеото и проценете сами!