
Хрватската ракометарка беше брилијантна во дресот на својата репрезентација, со единаесет погодоци носејќи и победа над Црна Гора од 23-22 во квалификациите за ЕП 2016.
– За мене е огромна чест да бидам избрана за ракометарка на месецот. Мислам дека ова е награда за сето она што го работам на тренинзите, како и она што го покажувам на теренот за време на натпреварите. Можам да кажам дека чувството е одлично и ќе продолжам во ист ритам и во иднина – изјави ракометарката на ЖРК Вардар, која не одигра меч за „црвено-црните“ во ЛШ во месец март (групната фаза заврши во февруари, а четвртфиналето со Ларвик се игра во април).
Епитетот најдобар машки ракометар за месец март му припадна на Деан Бомбач, словенечкиот интернационалец од редовите на Пик Сегед.