
Сепак не е се така сјајно во светот на најпознатото риалити семејство во Калифорнија.
Реалното шоу на семејството Кардашијан е само еден од проектите на кои што работат, додека поголемиот дел од нивниот бренд се наоѓа во споредните ангажмани што генерираат голем медиумски интерес и влијание врз публиката на која што се обраќаат.
Клои Кардашиан во последните година дена интензивно се занимаваше со проектот „Коктели со Клое“, а токму на ова телевизиско шоу му дојде крајот.
Имено, по 14 епизоди, продук циската куќа заклучи дека поради слабиот интерес на публиката овој проект нема да добие втора сезона и покрај забавната содржина.
Така Клои остана без ангажман, барем кога станува збор за телевизиското шоу во кое што мошне верувала.