
Голема полициска акција е во тек во бриселското предградие Етербек, јавува белгиската телевизија РТБФ.
Телевизијата повикувајќи се на изјави од сведоци, јавува дека локалното население е евакуирано, а на местото се присутни околу 50 полицајци, меѓу кои има специјални тимови за деминирање и снајпери.

На местото исто така присутни се и екипи на брзата помош. Повеќе информации се најавуваат за подоцна во текот на денот.