ВИДЕО: Ѕирнете во луксузниот имот на Џорџ и Амал

Џорџ и Амал Клуни конечно завршија со адаптацијата на нивниот нов, огромен дом во Англија. Имотот е вреден 10 милиони долари, а се наоѓа во округот Беркшајер кај Темза.

По неколку месеци реновирање адвокатката Амал и нејзиниот сопруг, актерот Џорџ Клуни ќе може да се вселат на нивниот имот од 17-иот век што сега има тениски терен, летниковец и базен.

И пред реновирањето имотот беше мошне луксузен, а вклучуваше 9 спални соби, неколку елегантни соби за прием на гости и ѕидови полни со полици со книги, а двојката на имотот додаде и приватна кино сала.

Посебно внимание е посветено на сигурноста, па така целиот имот е под видео надзор, за да имаат најголем степен на приватност и безбедност.

Погледнете како изгледа луксузниот имот на Џорџ и Амал.