
Хотелот Мериот е инвестиција на Девелоп груп вредна 37 милиони евра, а се очекува да стартува со работа овој месец. Во него ќе бидат вработени околу 700 луѓе.
Хотелот на плоштадот Македонија е изграден во Арт деко стил и располага со 180 соби, 16 луксузни и еден претседателски апартман. Во негови рамки ќе функционира СПА Центар, а на најгорниот кат ќе има базен.
Концептот на хотелот е создаден со цел на своите гости да понуди елеганција и удобност како за бизнис гостите, така и за оние кои што доаѓаат за одмор.
Освен стандардиот престој и деловните состаноци, Хотел Мериот ќе понуди и простории наменети за веселби и свадби.