На „Ало докторе“ за една недела имало 1330 повици

86 524  повици вкупно   од 15.09.2014 година  на  02/15 123   од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

25  Доктори  вкупно   се достапни за медицински совет  .Повиците   се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто   за  покачен крвен притисок ,главоболки ,сезонски настинки,  симптомна болка,покачена телесна температура   и совети поврзани со хронични болести и променливото време.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија .