
Времето денеска во западните делови од земјата е претежно сончево, во останатите променливо облачно со сончеви периоди, во крајните источни делови претпладне со услови за слаб локален дожд.
Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и многу топло време за овој период од годината. Само во четврток ќе има преодно дестабилизирање со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно од југозападен правец.