
Претставниците од АМС ја претставија Националната стратегија за млади 2016-2025, како и локалните младински совети и стратегии, Националната кампања против говор на омраза и проектите „Млад програмер “, „Млади поети“ и „Млади уметници“ кои Агенцијата ги имплементира за поддршка на младите луѓе.
Присутните волонтери и претставници од граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа изразија интерес за вклучување во активностите на АМС и изразија идеи за нови активности.
На настанот учествуваа претставници од институции и организации кои пред волонтерите на Мировниот Корпус ги презентираа своите активности