Се преврте комбе во гостиварско, повредени ученици

Комбе во кое се превезувале и учаници излетало од локалниот пар за гостиварското село Падалиште, пренесува Курир.

Според првичните информации, возачот на комбето од засега неутврдени причини изгубил контрола по што возилото излетало од патот и се превртело.

Повредените се пренесени во болница, но засега нема информации за нивниот број и карактерот на повредите.

Од СВР Тетово за КУРИР ја потврдуваат несреќата, но со повеќе детали ќе излезат подоцна во текот на денот.