
Нажа се бори против дискриминација, промовира граѓанскиправа, се залага за јакнење на локалната демократија, а денес ја викаат „новото лице на Франција“.
„Политиката не ја гледам како кариера. Ја гледам повеќе како шанса. Тоа не е бланко чек. Навистина треба да испорачаш!“
Нажа Вало Белкасем пред две години е поставена за министерка за образование во Франција, а пред тоа била министерка за женски прашања, министрека за градски работи и за спорт и млади. Со тоа станала најмлада личност која влегла во владата и прва муслиманка на таква позиција.
Нејзината неверојатна приказна од чување кози во родното Мароко, до министерка фасцинира се повеќе луѓе, пишува Вог.


По терористичките напади во Париз, на младата министеркападна голем товар: Во училиштата ширум Франција да ги зацрвсти основните национални вредности. „Да се помири непомирливото“, така во неколку зборови ја опишува својата работа француската министерка за обраование и мајка на близнаци, 37-годишната Нажа Вло Белкасем.
Нажа била претставник за медиумите на претседателот Фраансоа Оланд при неговата претседателска кампања, потоа негова министерка за женски права. Од терористичките напади, таа е важен глас воборбата ппротив екстремизмот меѓу младите луѓе, како критичар на насилството и како некој кој ја истакнува важноста на школото во борбта против овие појавви.