Грешки со појадокот што треба да ги избегнувате ако сте на диета

За време на појадокот сите сме склони на овие грешки што го прават појадокот нездрав и влијаат на покачувањето на килограмите.

Знаеме дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот но, малку кој знае дека појадокот може да биде проблем доколку се борите со килограмите. Овие 15 грешки не смеете да ги правите за време на појадокот:

Размислете пред првиот залак

Кога колегите ќе донесат десерти, канцеларијата може да стане вистинска калориска замка. Советот е да застанете, да се сконцентрирате, да вдишете длабоко и да се фокусирате на вашите цели за прашањата за здравјето о здравиот живот. Само размислете дали е подобар вкусот на мафините што ви се нудат или чувството дека ги остварувате зацртаните цели?

Не дозволувајте да ве „залажат“ соковите

Можеби и вие сметате дека пиењето вештачки сокови од портокал е добар начин да го почнете вашиот ден, но соковите од продавница изобилуваат со шеќери. Можеби подобра идеја е да испиете една чаша обична вода или да јадете еден портокал затоа што овошјето има витамини и минерали, а исто така содржи и влакна што може да го намалат чувството на глад и да ве одржат до ручекот.

Заситете се, но на здрав начин

Палачинките и вафлите не се добра идеја за појадок, особено кога се комбинираат со благ сируп. Наместо тоа земете житарки од цело зрно или тост и со тоа обидете се да внесете малку протеини во форма на ниско мастен или немастен јогурт, месо или белка од јајце. Тоа долго време ќе направи да се чувствувате заситени.

Кога сте во искушение

Десертите за појадок се неодоливи, но кога сте изложени на десерти наутро, обидете се да одолеете. Печивата, кроасаните и зашеќерените житарки може да го зголемат нивото на шеќери во крвта, да го намалат нивото на енергија и да предизвикаат чувство на глад.

Не го исклучувајте кафето од појадокот

Неморате да се откажете од утринското кафе, дури и ако сте на здрава диета. Доколку не сте пречувствителни на кофеин или немате некои здравствени тегоби што подразбираат изфрлање на кофеионот, кафето е природен и вкусен начин да го поправите расположението и мозочните функции. Ако чувствувате потреба за повеќе од еден филџан кафе, можеби сте ненаспиени. Запомнете дека кафето не е замена за одмор и сон.

Внимавајте со додатоците за кафе

Овде се мисли на додатоците што може да влијаат на зголемувањето на вашата телесна маса. Шеќерот, сирупите со вкус и шлагот може да го претворат кафето во калориска бомба, особено ако пиете повеќе такви кафиња во текот на денот. Обидете се за почеток да ги намалите тие додатоци, за на крај да можете да уживате и без нив.

Бидете подготвени кога ќе почувствувате глад

Доколку често сте во брзање за да стигнете на работа па од таа причина го прескокнувате појадокот, држете се до здравата ужина. Испланирајте однапред и носете здрави продукти во автомобилот или оставете ги истите во фрижидерот на работното место.

Секогаш држете се до една порција

Земајте порции што се полни со протеини, но не се мрсни. На пример свежо овошје и зеленчук, леб или житарки од цело зрно… Овие производи ќе ви помогнат да ги подготвите телото и умот за напорниот ден…

Би било добро да оддолеете на десертите од автоматот

Наместо десерти, слободно купете безмастен јогурт без шеќер, стапчиња од сирење, свежо овошје или мала протеинска плочка.

Внимавајте што и колку јадете

Можете да уживате во семејниот појадок без да се прејадете. Потребно е само да избегнувате мафини, овошни сокови, коктели и слатки. Јадете јајца, месо, лосос, свеж зеленчук и овошје.

Запомнете ја оваа мантра

Позната е изреката што треба да ја повторувате: Јади како крал, ручај како принц и вечерај како сиромав. Повторувајте ја оваа изрека во текот на денот и истрајте на вашиот пат кон здравјето и посакуваната тежина.

За појадок не јадете овошни плочки

Гранулите и овошните чоколатца најчесто се јадат затоа што се најбрзи за подготовка. Но, за жал тие содржат калории колку и еден десерт. Подобро е да земета малку путер од кикирики на парче леб од цело зрно. Направете сендвичи од тоа и можете да ги јадете на работното место.

Внимавајте на коктелите

Внимавајте на алкохолот затоа што содржи мноштво калории.

Задолжително појадувајте

Дури и ако се чувствувате сити од претходната вечера, кога ќе се разбудите јадете барем нешто. Прескокнувањето на оброците може да влијае на тоа да ви се забави метаболизмот затоа доколку можете земете барем парче тост од цело зрно и топол чај или пак парче јаболко со обичен немастен јогурт.

Не заборавајте на чашата вода

Секогаш е добро и здраво да вклучите голема чаша вода како дел од оброкот. Водата ќе ве хидрира и ќе ви пружи чувство за ситост.