
Еден војник го загуби животот, а 25 се ранети во напад со автомобил-бомба врз база на полицијата во Дијарбекир во југоисточна Турција.
Државната агенција Анадолија информира дека нападот во градот Хани, во округот Дијарбекир, е дело на терористите поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).
Настраданите од експлозијата со хеликоптери и возила на брзата помош биле префрлени во воената болница во Дијарбекир.
Приватната агенција Доган, исто така, информира за еден загинат, но според неа во нападот имало 27 ранети лица, а меѓу нив и цивили.
Оштетени биле и зградите во реонот на експлозијата, како и електроводите.