
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера во 11:30 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Велес додека И.А. (37), со привремен престој во Велес, вработен во ДООЕЛ „Афион“, работел на потпорен ѕид. Во моментот кога влегол во ископаниот дел врз него паднала поголема количина земја и камења, која го затрупала. Вработени во фирмата го извлекле, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Велес, во присуство на инспектор по безбедност и здравје при работа. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.