
Тимови форензичари и полициски инспектори се наоѓаат на насипот во населбата Црвенка, каде на 3-ти април беше најдено безживотното тело на Јелена Крсмановиќ.
Како што неофицијално дознава српски Блиц, на делот од насипот е најдена чизма и тоа недалеку од местото каде што минатата недела беше пронаједно телото на Јелена.
Форензичарите ја земале чизмата и ја обезбедиле како доказ и ја однеле на понатамошни испитувања, иако сеуште не е јасно дали овој предмет се нашол тука по убиството, со оглед на тоа дека насипот во Црвенка бил прочешлан неколку пати.
Денес, за прв пат била покосена и тревата на ова место.
Пејачката беше убиена во саботата на 2-ри април откако отишла да трча на насипот. Нејзиното тело било пронајдено на насипот во Црвенка еден ден подоцна.