
По речиси две години, следната недела во седиштето на НАТО ќе се одржи средба меѓу Советот на Алијансата и Русија.
Заменик портпаролот на НАТО, Кармен Ромеро изјави дека на состанокот на 20 април ќе се разговара за украинската криза, воените активности на Алијансата и Русија, безбедносната ситуација во Авганистан и регионалните терористички закани.
Иако западните земји и Русија имаат различни ставови за Украина, оваа средба укажува на подготвеност да се подобрат дипломатските односи што може да помогне при спречување на евентуални судири во регионот.