
Во рамките на турнејата низ Југоисточна Европа за образование во САД, 14 претставници од американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина.
– Претставниците на високообразовните институции ќе се претстават на саемот во Скопје и ќе одговараат на прашања на студенти и родители во врска со академските програми за додипломски и постдипломски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош, информираат организаторите.
Оваа турнеја, како што се посочува, се организира по трет пат, по успехот во 2014, кога дојдоа повеќе од 2.000 посетители.