
Во општина Чашка е најдена мртва старица. Како што соошти вчера МВР вчера во 10.00 часот во село Нежилово, општина Чашка, во сопствената куќа била пронајдена почината Л.Д. (84).
Истата била пронајдена од страна на нејзиниот син Ж.Д. (50) и имала повреда на задниот дел од главата.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес, и доктор по Судска медицина.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.