За вечерва најавени масовни протести пред седиштето на СДСМ

Се најавува голем масовен протест од незадоволни граѓани кои изреволтирани од одлуката за помилување на криминалците Зоран Заев и Зоран Верушевски, пишува порталот Инфомакс.мк

Како што пишува порталот, демонстрантите се собираат спонтано, а ќе се протестира пред седиштето на СДСМ бидејќи сметаат дека е неприфатливо по втор пат двајцата да бегаат од лицето на правдата и да го избегнуваат законот.

Потсетуваме, Зоран Заев беше обвинет за шпионажа и уценување и заканување против високи државни фукнционери, додека Верушевски за велепредавство и незаконско прислушување.

Денес Претседателот Иванов донесе општ акт за аболирање на сите обвинети политичари од СЈО со цел да се смири тензијата помеѓу партиите.