
Постојат некои грешки што може да бидат причина поради што остатокот од денот ќе ви биде непродуктивен и напорен.
Британски Индепендент во соработка со научниците и другите експерти пронашол седум такви грешки што најчесто ги правиме веднаш откако ќе се разбудиме.
Го одложувате алармот
Понекогаш, вашиот аларм ќе почне да ѕвони, а вие сеуште не сте подготвени да станете. Сепак потребно е да одолеете на тоа да го одложите алармот за пет или десет минути.
Експертот за сон Тимоти Моргенталер вели дека поголемиот број експерти за сон сметаат дека на телефоните и часовниците не би требало да постои копчето за одложување. Ако влезете во длабок сон откако ќе го одложите алармот, ќе влезете во циклус на спиење што нема да можете да го завршите. Наместо по тие десет минути да се разбудите посвежи, ќе се разбудите поизморени.
Попаметно е да откриете колку сон ви е потребно за наутро да се разбудите одморени и да ја осигурате таа количина секоја ноќ.
Да останувате стуткани во креветот
Не сте го одложиле алармот и лежите будни во креветот. Искористете го тој момент за истегнување. Психологот од Харвард Ејми Кади тврди дека растегнувањето во креветот е идеално за кревање на самодовербата пред почетокот на денот.
Иако не е јасно дали луѓето се чувствуваат добро затоа што се истегнале или се растегнуваат затоа што се среќни, Кади смета дека луѓето што се будат во положбата во која со рацете ја прават буквата V се многу посреќни од оние што се будат во положба на фетус (за кои што се смета дека многу повеќе се под стрес).
Проверувате меил
Ако спиете покрај телефонот, веројатно веднаш по будењето почнувате да гледате што се случувало во текот на ноќта.
Немојте.
Не го местите креветот
Зошто да го местите креветот, кога и онака ќе го растурите повторно вечер?
Иако тоа е вистина, авторот на книгата „Моќта на навиката“ Чарлс Дуиг тврди дека местењето на креветот е поврзано со зголемената продуктивност во текот на денот.
Уште еднаш, не е јасно дали наместениот кревет ја поттикнува продуктивноста или попродуктивните луѓе ги местат креветите. Сепак, Дуиг смета дека местењето на креветот е клучна навика што може да поттикне верижни реакции што помагаат да се држите до другите добри навики.
Пиете кафе
Ако мислите дека неможете да функционирате без филџан кафе, размислете повторно. Вашето тело произведува повисоко ниво на хормонот на стрес кортизол помеѓу 9 и 9 часот. За поголемиот дел од луѓето најдобро време за кафе е по 9 и 30 часот.
Ако пиете кафе пред тоа, вашето тело ќе се прилагоди и ќе произведува помалку кортизол наутро.
Се подготвувате во темница
Изгасените светла и спуштените ролетни можеби ви се чинат како најдобар начин за совладување на промената, но нашиот внатрешен часовник е дизајниран така што е чувствителен на светло и на мрак, тврди Натали Даутовиќ од Националната фондација за сон.
Подготвувањето во темница може да му сигнализира на вашето тело дека сеуште е ноќ, поради што ќе станете уште попоспани. Ако надвор сеуште е темница кога ќе се разбудите, Даутович предлага да запалите силни светла.
Правите се и сешто
Некогаш си пиете вода, понекогаш слушате музика, некогаш им се јавувате на пријателите… Тие активности се сосема во ред, но би било подобро кога би создале некоја рутина. На пример, по будењето пиете вода, додека слушате музика, се облекувате и му се јавувате на пријателот додека патувате на работа.
Научниците тврдат дека нашата сила на волјата е ограничена па ако ја трошиме уште во зори, ќе ни остане помалку во текот на денот. Наместо тоа, навикнете го вашиот мозок некои работи наутро да ги одработува автоматски и сочувајте ги менталните ресурси за подоцна.