
Во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе се одржи презентација во Гостивар, Тетово и Кичево.
Презентациите ќе почнат во 17 часот во Општината во Гостивар и во Тетово и во Кичево на Правниот факултет.
Сите заинтересирани граѓани на презентациите ќе можат да се информираат за проектите од претставниците на Министерството за финансии, од општините, банките и Катастарот.