Пациент нападнал лекар во битолската болница

Лекар од одделението за неврохирургија во битолската Клиничка болница се здоби со потрес на мозокот откако физички бил нападнат од пациент кој на ова одделение бил упатен на преглед, објави Канал 5.
Инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога лекарот дежурал во амбулантата, а пациентот стигнал со приоритетен упат за преглед. Нервозна ситуација настанала кога не можеле да се завршат потребните административни процедури на компјутер. По ова настанала вербална и физичка расправија при што лекарот е повреден.

По нападот лекарот бил задржан на болничко лекување во текот на ноќта, а по извршените медицински испитувања е пуштен на домашно лекување.