
Инвеститори од Турција се заинтересирани за градење нови и осовременување на постоечки хотели во охридско-струшкиот регион.
Како што информира денеска претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) Аркан Керим, некои од нив веќе ја посетиле Македонија, а други најавиле доаѓање идниот месец.
– Минатата недела турски инвеститори посетија пет хотели во Охридско и со три веќе имаат писмо на намери. Се надеваме дека другата недела повторно ќе дојдат за поофицијални информации. Имаме најава дека следниот месец ќе дојдат и други инвеститори заинтерсирани за градење нови или реновирање на некои од постоечките, рече Керим на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.