
Фоторепортерот на весникот ВЕЧЕР, Наке Батев денеска се здоби со повреди на главата и заврши на Ургентниот центар во Скопје.
Повредата му била санирана и добил неколку конци на главата. Батев бил прегледан, му било направен рентген и примил инфузија, а сега ги чека резултатите од неврохирург.
Бев на работа ги покривав протестите кои најпрво беа пред СЈО , па пред канцеларијата на претседателот и инцидентот се случи пред Собранието каде што толпата која што сакаше да го помине полицискиот кордон, рече Батев.
Батев вели дека уште еден колега бил соборен на земја.