
„Прото тема“ јавува дека инцидентот се случил непосредно пред еден часот по полноќ, кога на излезот Е2 се степале Сиријци и Авганистанци, поради досега непознати причини.
Во судирите, кои траеле околу десет минути, како што јави дописникот на МИА од Атина, нема потешко повредени лица, ниту некој е приведен.