
Бугарската полиција уапси едно лице под обвинение дека е автор на контроверзна видео снимка на која е прикажано како цивили „приведуваат“ мигранти, соопшти синоќа Јавното обвинителство на Бугарија, пренесува МИА.
Во соопштението се наведува дека во тек е истрага за утврдување на идентитетот и на другите лице кои се појавуваат на видео записот, кој е направена со мобилен телефон.
На снимката, која беше емитувана на неколку бугарски телевизии во понеделникот вечерта, се гледаат тројца преплашени мигранти со врзани раце на грбот, како лежат на земја во една шума во близина на границата меѓу Бугарија и Турција.
Видеото предизвика жестоки реакции во јавноста, а неколку организации за човекови права побараа спроведување итна истрага за случајот.
Бугарските медиуми последниве месеци инфромираа за неколку случаи во кои локални жители одат во „лов на мигранти“ во реоноте долж границата кон Турција.
На ова реагираше и бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој порача дека на цивилите „им е забрането да ги пречекоруваат своите права“,
Една неодамна спроведна анкетиа покажа дека околу 60 отсто од жителите на Бугарија сметаат дека мигрантите претствуваат закана за државата.