
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска во 15 часот ќе одржи заедничко интервју со главните и одговорни уредници на следните телевизии: Македонска Телевизија, ТВ Алфа, ТВ Алсат – М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21, ТВ Шења, Телевизија Нова и ТВ 24 Вести.
Поканетите претставници на медиумите ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со последната одлука на претседателот Иванов – информираа од кабинетот на Иванов.
Интервјуто ќе биде емитувано во живо на првиот канал на Македонската Телевизија и на интернет страницата www.mrt.com.mk