
Ризикував се за да најдеме излез од оваа криза која толку многу не оптоварува и доведе до такви поделби, до таква состојба во државата да се е на некој начин замрзнато. Сите бизниси се стопирани, сите инвеститори се двоумат дали да дојдат, веќе во семејствата се создадоа нетрпеливост и кавги. Сето ова еден ден мора да заврши, а ќе заврши ако го почитуваме Уставот и институциите и наоѓаме решение за се преку дијалог и начин кој доликува на земја која е кандидат и за Европска унија и земја која ги исполнува сите стандарди и за во НАТО, рече Иванов.
Загриженоста на меѓународната заедница, според Иванов, е затоа што претендираме да бидеме членка на ЕУ и на НАТО.
-Таа нивна загриженост ја искажуваат со право, меѓутоа одлуките што се однесуваат за нашата држава сами ги носиме и ја сносиме одговорноста за нив, додаде претседателот на РМ.