
Имавме ние мигрантска криза, покажавме дека институциите функционираат. Институциите функционираат во Македонија, државата функционира, но имаме проблем со одредени субјекти кои што не сакаат да дозволат државата да тргне напред. Стоиме во место.
Ова го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на денешното интервју со националните телевизии.
Тој посочи дека Македонија има 7 препораки од почеток на преговори, и дека сме најпроверуваната државна армија во НАТО, ние сепак не сме ги почнале преговорите за членство во НАТО и ЕУ. Како што рече, тоа искуство од обуките и од учеството во мировните мисии на НАТО нашата армија го покажала во изминатите денови во мигрантската криза.
Никој не веруваше дека можеме за толку кратко време да ја сочуваме државата од напливи на бегалци. Замислете каде ќе беше Македонија ако сега беше членка на ЕУ и НАТО или ако ги почнеше преговорите. Некој не дозволува Македонија сето тоа да го оствари. Некој не дозволува сето тоа да го оствари. Историјата и времето ќе покаже кој е тој. Некој им помага на оние што несакаат Македонија тоа да го оствари, рече Иванов.