
Македонска асоцијација на новинари (МАН) апелира да не се врши насилство врз новинари, фоторепортери и сниматели кои проследуваат настан и професионално ги извршуваат своите работни задачи.
– Симптоматично е што со години наназад на митинзи и собири страдаат новинари и сниматели, кои ги одржуваат активисти на Сорос, што укажува на организиран систем на заплашување, се вели во соопштението на МАН.