
Еден коментар објавен на сајтот на порталот Курир привлекува внимание поради начинот на кој е напишан и времето кога е напишан. Имено, коментарот е напишан и објавен ноќта кога е пријавено исчезнувањето на Јелена Крисмановиќ (помеѓу 2 и 3 април), под веста за исчезнувањето на пејачката со наслков „(КУРИР ТВ) ПОТРАГА ПО ПЕЈАЧКАТА: Јелана Крисмановиќ исчезна додека трчала кај населбата Црвенка“.

Потсетуваме, во моментот кога е напишан коментарот, Јелена се водела како исчезната. Прашање е: Која е личноста која го оставила овој коментар? Дали била упатена за животните прилики на Јелена Крисмановиќ, дали била сведок на убиството, или можеби сторител? Или само претпоставувал?