ФОТО: Почна собирот на ГДОМ, десетина илјади граѓани со поддршка на изборите

Десетина илјади граѓани и Граѓанското здружение за одбрана на Македонија денеска повторно излегоа на собир за да дадат поддршка за изборите кои ќе се одржат на 5. јуни, а кои денеска ги распиша претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Иницијативата на ГДОМ е за зачувување на институциите и мирот во државата како и дефинитивна одлука за избори како излез од кризата што ќе значи можност народот да одлучува.

Приврзаниците на ГДОМ остро се спротивставуваат на секаков обид за дестабилизација и насилство врз институциите какво во претходните денови демонстрираше СДСМ.