
Земјотресот предизвика и голема штета, а десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови.
Потресот се случил во област каде што се наоѓаат неколку нуклеарни реактори, а тие се неоштетени, соопштија оператори.
Стотина лица се повредени во префектурата Кумамото и на други места на островот Кјушу. Евакуирани се 44.000 лица од Кумамото, што се наоѓа на 900 км југозападно од Токио.
Најмалку 19 куќи се урнале и избија повеќе пожари, соопштија спасувачките служби и локалните власти.
Во деветте часа по првичниот потрес следеле околу сто вторични потреси со интензитет меѓу 3,3 и 6,4 степени. Се очекуваат се уште вторични потреси во наредните денови.