
Во продолжение следува интегрален текст од барањето на Талески за повлекување на аболицијата.
Почитуван Претседателе на Р. Македонија, сакам да Ви честитам за храбрата одлука за аболиција која е со цел и намера што побрзо да се разреши политичката криза во Македонија.
Познавајќи Ве лично, знам дека одлуката е со искрени и најдобри намери.
Во еден не природен склоп на околности, меѓу лицата кои добија кривични пријави од неуставното и незаконско СЈО, се најде и моето име – не по моја вина. Имено, во незаконските телефонски разговори, еден од двајцата соговорници во еден момент, под силна емоција, ме спомнува и ме клевети за некаков криминал и корупција, што не е вистина. Но, тоа е доволен аргумент за СЈО да на прави невидена политичка хајка против мене и моите соработници. Обвинувањата и целата постапка од СЈО имаат единствено политичка заднина.
Бидејќи јас лично никогаш не сум правел криминал, не се чувствувам виновен, не сум виновен и не сакам да бидам изедначен со вистинските криминалци во Р. Македонија.
Почитуван Претседателена Р. Македонија, како градоначалник на Битола работам искрено, посветено и одговорно за доброто на граѓаните.
Не сакам да има сомнеж или шпекулирање за моето законско работење и затоа од Вас барам аболицијата за мене да ја повлечете.
Подготвен сум да ја докажам вистината за моето чесно работење, убеден дека надлежните државни институции ќе се интересираат за факти и докази, а не за тенденциозни и неаргументирани обвинувања.