
Ова во интервју за Сител го вели професорот од Правниот факултет Александар Климовски, кој додава дека ќе беше апсурдно во една ваква ситуација да немаме избори, бидејќи логиката на изборите е во насока на андминување на кризата, тоа е и целта.
-Нема да значи дека изборите ќе бидат нелегални ако еден парципиент како што е СДСМ не учествува на зибори. Ако услов за да бидат изборите фер, регуларни и демократски е тие да излезат, во тој случај во секои идни наредни избори можеме да имаме ситуација да било која друга опозиција ја уценува власта околу прашањето за изборите и би влегле во еден маѓепсан круг на немање на избори, рече Климовски.