
Климовски вели дека 5-ти јуни е ден кој е забетониран за одржување на парламентарните избори согласно договорот на четирите најголеми политички партии.
-Сведоци сме дека се во завршна фаза на сите подготовки да имаме регуларни, фер, демократски избори. ДИК ја работи својата работа со динамика која е предвидлива дека ќе даде чист избирачки список. Ќе беше апсурдно во една ваква ситуација да немаме избори, бидејќи логиката на изборите е во насока на андминување на кризата, тоа е и целта. Нема да значи дека изборите ќе бидат нелегални ако еден парципиент како што е СДСМ не учествува на зибори. Ако услов за да бидат изборите фер, регуларни и демократски е тие да излезат, во тој случај во секои идни наредни избори можеме да имаме ситуација да било која друга опозиција ја уценува власта околу прашањето за изборите и би влегле во еден маѓепсан круг на немање на избори, рече Климовски, вели Климовски.
Тој додава дека изборите ќе се случат дефинитивно, расположението на граѓаните веќе знаеме кое е, на граѓаните преку глава им е од оваа ситуација, дека бараат избори токму даја разрешат оваа ситуација.
– Желбите на одредени политички лидери да не излезат на избори, во овој случај Зоран Заев, не е иманентно на процедурите и на правилата на парламентарната демократија. Тоа го знае и меѓународната заедница и токму таа меѓународна заедница веќе не прави притисок за одложување на изборите за понатамошни датуми, вели Климовски.