
Тој рече дека официјална Атина „и препорачала“ на нашата земја „да го разгледа она што го прави и какви последици тоа ќе има врз идните односи со европскиот институционален систем“.
– Одговорност сносат и земјите-членки на ЕУ, кои, и покрај нивното присуство во Македонија, не го спречија таквото однесување, изјави Коѕиас.
Според него, Грција „од своја страна, со вакви прашања се соочува смирено и одговорно“.
– Оние кои мислат дека ќе престанеме со преземање иницијативи и остварување на проактивна надворешна политика, се будали. Оние кои не можат да ги поднесат тешкотиите на надворешната политика и ја губат својата сталоженост, треба подобро да се погледнат себе си, изјави грчкиот министер.
Коѕиас потсети дека на 14 април се одржа првиот трилатерален состанок за прашањето на бегалците со Албанија и Италија и информира дека на 21 и 22 април, во Солун, ќе биде домаќин на состанок за прекугранична соработка со министрите за надворешни и за внатрешни работи на Бугарија, Македонија и Албанија.