Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти април

Јарец

jarec-znak-1Љубов

Владетелката на вашето поле на љубовта Венера, во текот на оваа недела е во добар апсект со владетелот на вашиот знак, но и во конјукција со Уран. Може да се каже дека за слободните претставници на занкот периодот што следи нема да им биде ниту малку здодевен, напротив – ако се занемари фактот дека повторно можете да го придвижите минатото, имате можности и за некои нови случувања што може да бидат мошне поттикнувачки за вас. Уште повеќе, новоотпочнатите емотивни приказни имаат можност да траат. Доколку сте во емотивен или брачен однос, би било добро да не се откажувате од тоа сите релации да ги доведете во ред, затоа што тоа сега ќе биде многу полесно од порано. Инаку, првиот дел од неделата не едобар за односот со саканата личност… Но затоа остатокот на неделата дава добра можност да се „вратите“ еден кон друг.

Работа

Големите промени се нагласени во бизнис сегментот, а тие ќе бидат последица на сето она што во претходниот период сте го вложиле во смисла на труд, заложби и одговорност. Не е ниту чудо што за одделни јарци сега ќе им бидат отворени можностите за нови, повисоки позиции, за промени на работното место или дури и на фирмата. Здивот на среќните околности може да им помогне и на невработените во нивниот пробој до потенцијалните работодавачи. Некои припадници на овој знак сега ќе почнат да се занимаваат си приватен бизнис или ќе одлучат да се осамостојат и да се одвојат од бизнис партнерот. Соработката со странските партнери е во постојан пораст.

Здравје

Бележите пад на енергијата и сега многу повеќе од вообичаено ви е потребно да водите еден квалитетен живот, поразновисно да се храните, повеќе да одмарате…

За другите знаци повеќе на следните страници…