Лав
Љубов
Оние што се слободни се во една животна фаза кога нивистина не сакаат да размислуваат за сериозните емотивни односи. Моментално себе си не се гледате во некоја обврзувачка врска и ќе се потрудите сите ваши релиции да бидат на необврзувачки, опуштен, речиси пријателски начин. Кога ќе се видиме, ќе се видиме – ако се видиме… За авантуристичкото однесување сега се ви е отворено, па уживајте во целост деновиве. Ако сте во брак, вие и партнерот речиси и да не се гледате. Оние договори што се потребни околу домот или околу децата, ќе ги завршувате веднаш, а моменталните преокупации за вас и за партнерот воглавно се насочени кон работата и на некои лични планови. Лавовите што се во подолги врски ќе почнат сериозно да коваат планови за некоја заедничка иднина. Кај вас можно е да има и некои убави вести.
Работа
Големите позитивни промени во голема мерка ќе влијаат на вашите планови и ќе ги забрзаат. Сега е одлично време за невработените да се активираат или дури и да добијат конкретен повик од идниот работодавач. Оние што веќе работат, сега ќе имаат голем број контакти, а дел од нив ги очекуваат и бизнис патувања. Особено добро ќе пројдат оние што соработуваат со странци или работат за странски компании. Но, и покрај сето тоа што се отвара пред вас, во првиот дел од неделата сепак би требало да бидете малку повнимателни, затоа што постои можност да направите сериозен пропуст кон некој долгогодишен бизнис соработник. Потребно ви е малку повеќе внимание додека работите.
Здравје
Сега е вистински момент да се посветите на сопственото здравје. Иако имунитетот сега ви е во благ пад, сето тоа лесно можете да го регулирате со исхраната, со одмор или со некоја блага рекреација.
За другите знаци повеќе на следните страници…