Иницијатива за забрана за носење бурки во Бугарија

Иницијатива за забрана за носење бурки во Бугарија
Иницијатива за забрана за носење бурки во Бугарија

Потпретседателот на бугарската партија ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), Искрен Веселинов најави дека партијата во Народното собрание на Бугарија ќе поднесе предлог-закон за забрана за носење на бурки на јавни места, јави БТА.

Според Веселинов , кој е пратеник во бугарското Собрание од редовите на коалицијата Патриотски фронт (ПФ), носењето бурка е „исклучително опасна тенденција“.

– Бурките се предводници на ширењето на радикалниот ислам. Таму каде што има бурки, има и радикални исламисти и терористи, изјави Веселинов во Русе.

Казните за носење бурка би биле парични и како што најави Веселионов, според предлогот, ќе изнесуваат меѓу 50 и 200 лева (25 и 100 евра) за прв прекршок.

Веселинов објасни дека оние кои повикуваат или вршат притисок врз други лица да носат бурка, ќе сносат кривична одговорност.

Предлог-законот ќе биде разгледан утре на седницата на пратеничката група на ПФ, а в среда ќе биде доставен до Собранието.