Сите благодети на лимонот

Највредното нешто со жолтеникава боја што ни го дала природата дефинитвно не е златото.

Најпознатиот и најароматичниот претставник на семејството цитруси им е познат на луѓето со милениуми, а неговата моќ први ја препознале Египќаните.

Лимонот денес во Европа и светот спаѓа меѓу најмногу употребуваното овошје.

Млака вода со лимон – 10 причини зошто оваа комбинација треба да стане ваша утринска навика

Антиоксидансите кои се наоѓаат во витаминот Ц делуваат двојно помоќно во водата со лимон и се борат против штетата која на нашето тело му ги нанесуваат слободните радикали.

Покрај тоа што го потпомага варењето, лимонската киелина ја зголемува и функцијата на ензими стимулирајќи ја детоксикацијата на црниот дроб, а со самото тоа и на целиот организам. Иако по својата природа е кисел, лимонот спаѓа во најалкалните (базни) намирници кога ќе дојде во телото, а исто така помага и во во алкализацијата на ситемот, ја регулира PH вредноста и ја отстранува целокупната киелост на организмот со што се намалува можноста за тегоби и воспаленија. Познато е дека благодарение на високиот провцент на витамин Ц, лимонот е најдобриот сојузник во секоја борба против вируси и настинки, бидејќи за кратко време го ојакнува имунолошкиот систем и дава дополнителна енергија.

Покрај тоа што го помага лекувањето, витаминот Ц е исклучително делотворен и за кожата. Доволниот внес на овој витамин му овозможува на телото да произведе повеќе колаген, кој е неопходен за кожата да изгледа посвежо и затегнато, а тенот почист.

Подмладува одвнатре , но и однадвор, а дури е дозволено и нанесување на самата кожа. Ако малку лимонов сок нежно нанесете на лицето и масирате ќе започне магијата на подмладување. Киселоста на лимонот брзо ја заздравува кожата враќајки и го изгубениот сјај и ја намалува видливоста на брчките.