
Убавата актерка беше долги години со Бред Пит кој ја остави поради Анџелина Џоли со која сега се во брак, а откако конечно Џенифер застана на нозе и почна да верува во љубовта повторно, доживеа уште еден бродолом.
Иако се чинеше дека и цветаат рози во бракот со актерот Џастин, Анистон го фатила на дело. Тој ја изневерил со својата поранешна девојка.
Некој постојано му ѕвонел на телефон, а тој и велел дека е негов пријател. Кога Џенифер се јавила на бројот слушнала женски глас.
Ако се покажат овие шпекулации како точни, актерката ќе помине низ уште еден тежок период.