Утре без струја неколку скопски населби

Струја утре ќе нема во следните скопски населби и села:

– Во периодот од 04.00 до 06.00 часот, дел од корисниците од село Долно Лисиче, населба Лисиче, село Горно Лисиче, дел од населба Аеродром, како и корисниците од населба Ново Лисиче. ( општина Аеродром )

– Во периодот од 09.00 до 11.30 часот, дел од корисниците од улиците: Сердарот, Партизански Пат, Јустинијан Први и Солунска Глава. ( општина Кисела Вода )

– Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улиците: Нов Живот, Дринска и Виничка ( општина Шуто Оризари ), како и дел од корисниците од село Долна Арнакија. ( општина Сарај )

– Во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од ул. Мраморец – непарни броеви. ( општина Карпош )